Кој е најголемиот пораз на Украина во последните 30 години?
Украина сега го има најголемиот пад на економијата во последните 30 години.
Прелиминарните податоци на Министерството за економија денеска покажаа намалување на бруто домашниот производ за 30,4 отсто лани, а економските аналитичари велат дека ризиците и несигурноста остануваат високи.
Министерката за економија Јулија Свириденко објасни дека тоа е најголем пад на БДП откако Украина стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, но кажа дека е помал од очекуваното.
Владини претставници изјавија дека Украина лани добила околу 31 милијарда долари грантови и заеми. Буџетскиот дефицит на Украина во 2023 година е планиран на 38 милијарди долари, а владата планира да го покрие со странска помош.Меѓународната помош е клучна за финансиската стабилност и економија на Украина.
foto freepik.com/inguskruklitis
Слично
