Кој е најдобитниот акционер во Македонија?
Кој е Македонецот што зема 1,1 милиони евра дивиденда?
Кирил Самарџиоски, Доне Таневски и Душан Пецовски се тројцата најдобитни акционери.
Најголемиот акционер во најголемата домашна пиварница „Прилепска пиварница“ од дивиденда ќе добие 1,12 милиони евра и со тоа Кирил Самарџиоски, долгогодишниот успешен директор и актуелен претседател на Управниот одбор е најдобитниот акционер во конкуренција на 12 домашни физички лица.
Првиот на листата е Самарџиоски кој поседува 62,63 отсто од акциите со право на глас во „Прилепска пиварница“ односно 25.000 акции со право на глас. За добивката од лани пиварницата издвои 2.775 денари дивиденда, а Самарџиоски има 69,37 милиони денари дивиденда односно 1,12 милиони евра.
Зад него на листата најдобитни акционери е најголемиот поединечен акционер на „Македонијатурист“ и долгогодишен прв човек на најголемата хотелиерска компанија – Доне Таневски. За неговите 19,18 отсто од акциите во „Македонијатурист“ Таневски ќе добие 16,22 милиони денари односно 262.466 евра. Третото место е резервирано за најголемиот акционер во „Реплек“ , Душан Пецовски кој за своите акции ќе инкасира дивиденда од 199.800 евра.
По него на листата најдобитни акционери се другите два големи акционери во „Реплек“: Славица Туџарова Трајковска и Иван Туџаров. Туџарова – Трајковска ќе инкасира нето над 194.000 евра, а нејзниот брат Иван 191.590 евра.
