Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е најбогатиот Србин на Форбс што „тежи“ 5 милијарди долари

Кој е најбогатиот Србин на Форбс што „тежи“ 5 милијарди долари

На листата на најбогати личности на планетата која ја подготвува магазинот Форбс се најде и еден Србин кој тежи неверојатни 5 милијарди долари и е меѓу ретките богаташи од Балканот кој е на оваа престижна листа. 

Станува збор за Милан Јанковиќ многу попознат како Филип Цептер кој е убедливо најбогатиот, не само Србин, туку воопшто бизнисмен од Балканот бидејќи сите зад него заостануваат прилично и имаат богатство кое проценето под 1 милијарда долари. 

Најмногу заработува од мулти-левел маркетинг компанијата Цептер за продажба на садови за домаќинство, а моментално со семејството живее во Монте Карло. 

Интересно е што Меѓународната кризна група, тинк-тенк финансиран од Џорџ Сорос, во 2004-та го има обвинето дека се занимавал со шверц на оружје во екс Југославија, за што Цептер водеше жестока судска битка за клевета. 


Слично

Поврзани вести