Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е можниот фаворит за превземање на ТДР?

Кој е можниот фаворит за превземање на ТДР?

Анте Влаховиќ, водечкиот човек на ровињската Адрис група, донесе стратешка одлука за продажбата на ТДР која би требало да биде реализирана до крајот на оваа година. Според последните неофицијални но доверливи информаци на т-портал, во трката за превземање на ТДР серизоно се вклучува и Japan Tobacco International (ЈТИ) којшто е присутен и во Македонија преку својот импортер и дистрибутер Прима.мк со брендовите на so Winston, Camel, LD i Monte Carlo.

Иако во текот на оваа година се шпекулираше за интензивните преговори со Кинезите  (China National Tobacco Corporation) па дури и со компанијата Korean Tobacco, последните недели во бизнис круговите може да се слушне дека можниот кандидат за превземање на една домашна тутунска компанија би можел да биде токму ЈТИ (ЈТИ - Јапонија тобако интернешнaл ). Во Адрис не сакаа да ги потврдат ниту демантираат преговорите со ЈТИ .

„Гледајќи долгорочно, во условите на крајната концентрација на тутунската компанија, веруваме дека не сме во можност да му додаваме значајна вредност на тој дел од нашата работа. Затоа разумно е да се размислува и за можното партнерство. Целта, секако е да ги задржиме производството и работните места во Хрватска“, го повторуваат коментарот во Адрис Групата.

За тоа дали се пред превземање на ТДР, од хрватски http://m.tportal.hr/ прашале и во Јапан Тобако. Преку нивниот загребачки уред добиле краток одговор: 'Политиката на компанјата е да не ги коментираме бизнис активностите кои се однесуваат на спојување и превземање'.

Пад на уделот на пазарот

Стратешката одлука на водечките луѓе и акционери во АДРИС Групата да се оди кон продажба на ТДР покрај се е логична, а упатените во приказната тврдат дека кон тоа требало да се пристапи и порано бидејќи би се постигнала повисока цена. ТДР во доминацијата на хрватскиот пазар се намалува со некогашните и повеќе од 80 посто удел на сега 60 посто на пазарниот удел.

ТДР минатата година произведе 9,5 милијарди цигари, а ако тоа се спореди со бројката од 12,5 милијарди од пред пет години, јасно е дека во Ровињ долгорочно ја губат борбата со мултинационалните компании кои успешно се „бореа“ во регионот во последните 20 години. ТДР извезува 65 посто од цигарите во регионот и е водечки играч во БиХ каде има 30 посто од пазарот, а извезува во Србија, Македонија, Слобвенија, Црна Гора, Косово ...

Кој е Јапан Тобако?

ЈТИ (Јапан Тобако Интернешнл) е меѓународен бизнис на Јапан Тобако и се работи за еден од четирите водечки светски произведувачи на цигари со Philip Morris, British American Tobacco и Imperial Tobacco. Ако во обзир не се земе големиот кинески произведувач China National Tobacco, овие четири играчи држат две третини од светскиот пазар.

А дека на ТДР и Адрис треба да им се симнува капа што толку години им се попречуваa на мултинационалните компании, говори податокот дека, на пример, само ЈТИ годишно произведува повеќе од 500 милијарди цигари. Најпознатите брендови на ЈТИ се Winston и Camel кои се наоѓаат на листата 10 најпродавани брендови во светот кои што како што напоменавме погоре е присутен и кај нас во Македонија со дистрибутерот и импортерот Прима.мк.

ЈТИ е третиот светски играч со пазарен удел околу 15 посто, а основан е во 1999, кога Јапан Тобако за осум милијарди американски долари го купи меѓународниот бизнис на американскиот R. J. Reynoldsa.

Според последните податоци Јапан Тобако остварил приход од околу 15 милијарди евра со оперативна добивка од 3,7 милијарда евра. Компанијата соработува со 72 земји, има 47 илијади вработени. Седиштето на ЈТИ е во Женева, а Јапан Тобако, секако има централа во Токио. ЈТИ има веќе производство во Србија во Сента, каде се присутни од 2006. Во групата Јапан Тобако 80 посто од вкупното производство се однесува на тутунското призводство додека преостанатите 20 посто се однесуваат на производството на храна, пијалоци и лекови.

Според јапонските закони, значајниот сопственички удел во Јапон Тобако го има нивното Министерство за финансии кое до 2012 држело 50 посто од акциите. Владата поради страшниот потрес во 2011 одлучил да го намали својот удел т.е околу 17 посто од акциите ги продала на финансиските вложувачи како би помогнала во санирање на штетата. Интересно е тоа дека во Јапан Тобако, па одтогаш и во ЈТИ , работат според т.н методи „Kaizen“ кои подразбираат дека ниеден ден во фирмата не смее да помине а да не се направи некое подобрување, а тоа  оператвивно се спроведува на сите нивоа.

Вредноста на ТДР: Од 2,8 до 3,8 милијарди куни

Според последните превземања во тутунската индустрија, пресметка по која се вреднува компанијата изнесува од седум до 10 X ЕБИТДА (добивката пред данокот, каматата, амортизацијата и депрецијација). ЕБИТДА на ТДР изнесува околу 400 милиони куни. Значи, цената по која Адрис можат да ја продадат ТДР се движи помеѓу 2,8 и 3,8 милиони куни. Упатени во тутунскиот бизнис во регионот предупредуваат, меѓутоа, дека цената би можела да биде пониска, бидејќи ЕБИТДА на ТДР веќе со години паѓа.

Ако Анте Влаховиќ, претседателот на Управата и водечкиот акционер на Адрис групата го продаде ТДР на Јапонците, сличната судбина ја чека и Istragrafikа, ТДР - фабрика за амбалажи, за која еден нивниот соговорник претпоставува дека не треба нов сопственик. Можно е да им треба хрватски тутун, исто така, во сопственост на ровињска компанија, која тогаш новиот сопственик би ја превземал во пакет со ТДР. Останува отворено и прашањето на  iNovina, ланецот на киоск во сопственост на Адрис групата. На ТДР  iNovina му биле важни поради пласманот на цигари, а Адрис групата има удел  и во најголемиот ланец на киоски во државата - кој е во мнозинска сопственост на Агрокор на Ивица Тодориќ. Иако минатата година Агрокор и Адрис имаа намера да ги спојат тие два ланци, од АЗТН им е сигнализирано дека тоа „нема да оди“, поради што се откажале од поврзувањето.

Адрис ја продолжува експанзијата со Croatia осигурување

ТДР е главниот крвоток на Адрис групата, а токму на пресметката на суперпрофитабилноста во текот на последните десет години силно влегле во туризмот (Maistra)  и во производството на храна (Cromaris).

Но дека Адрис целосно ќе го заобиколи правецот, и тоа во осигурателниот бизнис, било јасно кога кон крајот на минатата година го купил Croatia осигурување (CO), најголемото државно осоигурување. Вкупната вредност на трансакцијата која го вклучуваше пакетот на акции и докапитализација изнесуваше 1,7 милијарди куни. Во моментот приходот на Адрис групата изнесува нешто повеќе од шест милијарди куни.

Без ТДР и се за што тутунскиот бизис се врзува се Istragrafika, Хрватскиот тутун ... Адрис губи приход од 1,3 милијарди, но и најголемиот дел од профитот на групата, кој додуша бега од константен пад. Ако Анте Влаховиќ, како што замислил, до крајот на годината го продаде ТДР , Адрис ќе има приход од околу пет милијарди куни: околу три милијарди се однесуваат на групата Croatia осигурување, близу 900 милиони куни на туризам и производство на храна, а малопродажниот дел (iNovine и останатото) носат околу 850 милиони куни проход.

Следна мета: словенски Триглав

Но тоа се се актуелни податоци, а познато е дека CO се наоѓа пред голема реконструкција и дури во 2015 ќе се види вистинскиот резултат на тоа осигурување под капата на Адрис.

Адрис е нискозадолжена компанија, а купувањето на Croatia осигурување наводно целосно е финансирано со сопствен капитал ( во очи на тоа превземање според неофицијални процени во Ровињ имале на располагање околу 450 милини евра кеш).

Парите кои „легнат“ од продажбата на ТДР сигурно се наменети за експанзија во осигурителниот бизнис. Адрис групата моментално сака да го зголеми учеството во словенското осигурување Сава Ре, но и многу сериозно цели кон Триглав осигурувањето, чија приватизација се очекува. Според оценките на словенските аналитичари, Триглав би можел да чини околу 600 милиони евра.

Слично

Поврзани вести