Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е мистериозниот руски тајкун кој сака да купи српскa банкa?

Кој е мистериозниот руски тајкун кој сака да купи српскa банкa?

Народната банка на Србија соопштила дека руската Експо банка искажала интерес за влез во српскиот банкарски сектор, но дека официјлано барање уште не стигнало.

Како што се наведува, барањето за добивање на согласност за стекнување на сопственост во банката на Србија „не поднеле ниту заинтересираната банка, ниту Игор Ким.

Условите за влез на српскиот банкарски пазар се јасно транспарентни, а критериумите за нивната оцена се детално утврдени со интерни ати и процедури на НБС, наведува централната банка и додава дека го поддржуваат влезот на репутабилни и бонитетни инвеститори во банкарскиот сектор на Србија, кои ги исполнуваат прописните услови, без разлика на земјата од која доаѓаат.

Весникот Блиц, на кој се повикаа делумно сите српски медиуми, објави дека рускиот банкар Игор Владимировиќ Ким , за кој велат дека е близок со рускиот претседател Владимир Путин, е заинтересиран да купи една од банките кои работат во Србија и дека се распрашувал за тоа.

Руски медиуми пак денес пренесуваат дека Игор Ким, веќе ги зграбил отфрлените активи на странски банки кои се повлекуваат од Русија и дека сега сака, како што вели да ги прошири своите активности во Европа.

Слично

Поврзани вести