Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е махерот што продава пива и сок за 3 милиони евра месечно?

Кој е махерот што продава пива и сок за 3 милиони евра месечно?

Прилепска пиварница успешно ја гасеше жедта на граѓаните и во трите летни месеци направи приход од 9,5 милиони евра што е резултат за поздравување. Под силниот притисок на инфлацијата подгревана од цените на горивата и на струјата, оваа компанија  веројатно како и други фирми, макар  и делумно на своја штета, го чуваше стандардот на своите клиенти за сметка на дел од својата добивка

Прилепска пиварница летото ја гасеше жедта на граѓаните и заработуваше пристојно. За популарноста на најголемата домашно-поседувана пиварница доволно говори фактот што во летниот квартал (од јули до септември) Прилепска пиварница продаде пива и сокови за 9,5 милиони евра. Тоа значи дека компанијата продавала од своите реномирани производи за 3,17 милиони евра просечно месечно.

Најновите податоци за првите девет месеци годинава покажуваат дека компанијата има раст на приходите од продажба за 6 отсто во споредба со претходната година. Приходот изнесува 22,64 милиони евра и е за 1,3 милиони евра поголем од лани.

Учеството на домашниот пазар во вкупната продажба е доминанто и изнесува 22,47 милиони евра.

Од билансот на состојба се гледа дека останатите оперативни приходи се зголемени за 36 отсто и изнесуваат 457.000 евра.

Значајно зголемување има кај сите оперативни расходи. Тие изнесуваат 22, милиони евра и се за 13 отсто повисоки од претходната година. Најголемо е учеството на трошоците за суровини и други материјали кои под притисок на инфлацијата поскапеле 18 отсто и изнесуваат 9,66 милиони евра.

Позитивно кај трошоците е тоа што се зголемени исплатите на пиварницата спрема вработените. Тие достигнале 2 милиони евра што е за 16 отсто повеќе од истиот период лани. Зголемување има и кај набавната вредност на трговските стоки која изнесува 4,4 милиони евра и е за 10 отсто повисока од лани.

Оперативната добивка на крајот на септември е 1,42 милиони евра и во однос на претходната година е пониска за 38 отсто. Тоа е влијанието на растот на трошоците и инфлацијата и обидот на компаниите да компензираат дел од своите приходи во интерес на потрошувачите.

Позитивно за Прилепска пиварница е тоа што има многу ниски финансиски расходи. За особено обележување годинава е значајниот раст на финансиските приходи. Тие во однос на лани се повисоки за 35 отсто и изнесуваат над 386.000 евра.

Нето добивката на компанијата е 1,75 милиони евра и во споредба со лани е пониска за една третина. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести