Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е клучот за среќа на секој хороскопски знак?

Кој е клучот за среќа на секој хороскопски знак?
Квалитетот на животот може во голема мера да се подобри со практикување на одредени совети соодветни за секој хороскопски знак. ОВЕН – Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика. – Без разлика што ќе ви кажат другите, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете. – Распоредете ги своите приоритети и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Воопшто не се трудете околу нешто што не е вредно за внимание. – Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни. – Не се срамете од своите „бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни. БИК – Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија. – Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, строго одредете си го времето за уживање и времето за работа. – Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро. – Сфатете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате. – Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот. БЛИЗНАЦИ – Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзеливи кога се во прашање овие работи. – Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија. – Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година. – Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува. – Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа. РАК – Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер. – Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни. – Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина. – Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри. – Гответе и уживајте во добрата храна. ЛАВ – Не се извинувајте затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат. – Не ги прикривајте своите фрустрации, бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Секогаш треба да бидете директни и искрени. – Не го заземајте последното место на работа, бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто. – Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали тоа ќе биде низ спорт, уметност, танцување, музика. – Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе. ДЕВИЦА – Помагајте им на луѓето околу сѐ – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате. – Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот. – На работното место не ги земајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни. – Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите. – Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха. ВАГА – Уредете го својот дом, работата и автомобилот, бидејќи околината има големо влијание на вашето расположение. – Научете да кажете „не“ и одбивајте ги луѓето кои тоа го заслужиле. Тоаа воопшто нека не ви биде непријатно. – Не се затворајте во четири ѕида, потребни ви се луѓе како што на растенијата им треба сонце. – Намалете ги посесивноста и љубомората, бидејќи тие ве прават огорчени. – Занимавајте се со она што го сакате – со тоа од далеку ќе стигнете. СКОРПИЈА – Бидете посветени на себе и своите желби. Не се водете од другите, преголемите прилагодувања кај вас можат да разбудат бес, прекинување на односите и депресија. – Отворете се кон другите наместо само да слушате, споделувајте ги своите мисли. – Верувајте во својата интуиција, многу често таа е точна, без оглед на околностите во кои се наоѓате. – Не се плашете од негативните емоции, бидејќи тие служат како издувен вентил. – Јадете здраво и избегнувајте ги пороците – тие ви се слаба точка. СТРЕЛЕЦ – Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа. – Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза. – Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно. – Помалку внимание посветувајте на материјалното и немојте да се оптоварувате со работи кои воопшто не ви се потребни. – Не се согласувајте на помалку во љубовта – подобро бидете сами, бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате. ЈАРЕЦ – Во секоја работа и задача давајте сѐ од себе, ќе постигнете сѐ што ве прави вистински задоволни. – Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате. – Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе. – Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака. – Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа. ВОДОЛИЈА – Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите и обидете се да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни. – Не ги менувајте пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства чество ви ја заматува перспективата. – Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи. – Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана. – Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот. РИБИ – Бидете отворени за нови искуства, без разлика дали станува збор за патувања, врски и работни понуди. – Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат. – Не се обидувајте премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото „јас“. – Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните. – Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите
Слично

Поврзани вести