Кој е фудбалскиот тим од соништата на Пепси?!
Пепси ги откри деталите за нивната суперстар фудбалска екипа за 2014, здружувајќи заедно незамисливо богатство од интернационален талент, со цел да ја креираат најкапацитетната, мултиталентирана и култна формација некогаш направена. Деветнаесет најдобри светски играчи, кои се простираат на пет континенти и речиси 20 држави се здружуваат со Пепси за да ги инспирираат фановите низ целиот свет за да „Живеат за денес“ во 2014 година.
Фудбалската ѕвезда – рекордер Лионел Меси, аргетинскиот интернационален напаѓач Серхио Агуеро и младиот британски талент Џек Вилшир ќе бидат придружувани од бразилскиот одбрамбен играч Давид Луиз, продуктивниот голгетер Робин Ван Перси и големиот Шпанец Серхио Рамос, како дел од глобалната Пепси формација. Овие супер шест ќе бидат зајакнати со дополнителни големи фудбалски имиња од светот кои ќе ги претставуваат нивните земји, вклучувајќи ги: Хуан Гуилермо Куадрадо (Колумбија), Клинт Демпси (САД), Тарик Елјунуси (Норвешка), Мајнор Фигуероа (Хондурас), Марио Гомеш (Германија), Винсент Компани (Белгија), Кемар Лоренс (Јамајка), Виктор Мозес (Нигерија), Петер Осазе Одемвинги (Нигерија), Орибе Пералта (Мексико), Андриј Пјатов (Украина), Мохамед Салах (Египет) и Гилфи Пор Сигурдсон (Исланд).
„Фудбалот беше моја пасија уште додека бев дете и е дефинитивно една од работите за кои живеам денес. Горд сум што сум партнер на Пепси повторно и го претставувам брендот на глобално ниво како дел од овој ѕвезден тим“, изјави четирикратниот играч на годината и капитен на репрезентацијата на Аргентина Лео Меси.
Пред најавата, играчите на Пепси се огласија на социјалните медиуми со цел да се открие целосната листа во возбудлива дигитална трка која стигна до фановите низ целиот свет.
Давид Луиз, Премиерлигаш од Челзи и заменик капитен на бразилската репрезентација, коментира: „Навистина сум возбуден за здружувањето со Пепси и горд што сум дел од ваков одличен тим. За мене, играњето фудбал претставува искористување на секоја секунда на теренот до максимум и покажување на својата љубов и карактер за играта – и за фановите. Одвај чекам да им се придружам на фановите од целиот свет и да ја прославиме големата година за фудбалот.“

