Кој е Евангелос Венизелос – „вечниот“ министер во грчката Влада задолжен за Македонија?
Речиси 20 години непрекинат министерски стаж и тоа во различни ресори има актуелниот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, кој денеска престојува во посета на Скопје. Од 1994 година па до денес, со исклучок на периодот од 2005-2009 година, Венизелос речиси непрекинато е на министерска функција, а сменил вкупно 10 министерски фотељи.
Така од 1994-1995 година тој ја извршувал функцијата министер за печат и медиуми, од 1995-1996 бил министер за транспорт и комуникации. Краток период во 1996 година бил грчки министер за правда, а од 1996-1999 министер за култура и спорт. Од 1999-2000 година ја презел функцијата министер за развој, додека од 2000-2004 година повторно се вратил на раководната функција во Министерството за култура и спорт.
Во периодот од 2009-2011 година Венизелос е министер за одбрана на Грција, а од 2011-2012 станува грчки министер за финансии и заменик-премиер во грчката Влада. На 25 јуни 2013 година ја презема актуелната позиција грчки министер за надворешни работи, додека и натаму истовремено е вицепремиер на Владата.
Уште од почетокот на својата министерска кариера, Венизелос посебно се ангажирал околу прашањето за Македонија. Така, колумнистот Марк Драгумис од „Атенс њус“ во една прилика ќе напише дека „токму Венизелос, во февруари 1994 година, како министер за информации и печат бил клучниот инструмент што го убедил тогашниот грчки премиер Андреас Папандреу, да го воведе ’идиотското’ ембарго кон земјата што подоцна ќе биде наречена ФИРОМ“.
Во тоа време, освен министерската функција, Венизелос беше и портпарол на грчката Влада и гласноговорник на официјалната политика на Атина.
Изјавите на Венизелос објавени во грчките медиуми во 1994 година, по однос на прашањето на Македонија, во целост се слични на неговите изјави денеска. На 29 март 1994 година, грчката новинска агенција АНА објавува:

„Грчката политика кон ФИРОМ е подеднакво конструктивна и политика на помирување, изјави владиниот портпарол Евангелос Венизелос, кој им забележа на дел од европските партнери дека ја поттикнуваат непопустливоста на Скопје“.Актуелниот шеф на грчката дипломатија дели исто презиме со Елефтериос Венизелос, поранешниот грчки премиер, кој учествувал во поделбата на Македонија по Балканските војни. Сепак, Евангелос во повеќе наврати нагласува дека нема ништо заедничко со овој славен претходник. Викиликс неодамна објави дипломатска белешка од Амбасадата на САД во Атина во која се наведува дека Евангелос Венизелос бил роден со презимето Туркоглу (што во превод значи „син на Турчин“), но го променил подоцна за да напредува во политичката кариера. Освен министерската функција, Венизелос во моментов е и лидер на грчката социјалистичка партија ПАСОК и пратеник во грчкиот Парламент, а предава и Уставно право на Аристотеловиот универзитет во Солун. Во периодот од 2011-2012, како грчки министер за финансии, Венизелос ќе мора да спроведе едни од најтешките мерки за штедење за излез од грчката финансиска криза. Затоа германскиот весник „Шпигел“ ќе го нарече „бикот од Атина“. Б.А.
Слично