Кој е директорот со најголема плата во државата?
Сигурно сте се запрашале кој директор во државата има најголема плата? На ова прашање не може да му се даде точен одговор но имајќи предвид дека Андреја Јосифовски лани имал 941.685 денари односно 15.238 евра месечна нето плата со надоместоци веројатноста тој да биде најплатен директор.
„Макпетрол“ е пример и е една од ретките компании која во континуитет ги објавува нето платите на сите членови на Управниот одбор и го почитува Законот за трговски друштва. Многу други успешни компании кои дури и добиваат награди за транспарентно работење не ги објавуваат тие податоци. Зошто во Македонија е срамно или страшно јавно да се каже платата на директорите и да се почитува Законот за трговски друштва?
Регистарот на објавени јавно достапни податоци за висината на платите на менаџери, претседатели и членови на управни одбори, генерални директори, извршни директори Андреја Јосифовски имал највисока плата во земјава во 2017 година.
