Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е Дејан Метикош новиот потпретседател на Комората на овластени архитекти

Кој е Дејан Метикош новиот потпретседател на Комората на овластени архитекти

Дејан Метикош магистер по технички науки од областа на градежништвото актуелен Директор за продажба на завод проектирање во Градежен Институт Македонија е избран за потпретседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ).

Мекитош има 15 годишно искуство во градежништвото, поконкретно, проектирање, надзор и ревизија на проекти од областа на патишта и железници или бил вклучен во повеќе од 125 домашни и интернационални проекти. Своето искуство го стекнал на многу важни проекти меѓу кои и докомплетирањето на проектна документација за автопат Кичево-Охрид, потоа Основен проект за изградба на експресен пат А3 на делница од Штип до Кочани, а и Основниот проект за изгарда на наплатните станици на клучните автопати во државата односно на автопатот од Демир Капија до Смоквица, од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип преку Св. Николе.

Метикош работел на основни проекти за рехабилитација на магистрални патишта со вкупна должина од над 100 километри, но и на проекти за рехабилитација на регионални патишта со вкупна должина преку 150 километри.

Тој е еден од најголемите стручњаци во оваа област, а е задолжен и за истражување на домашниот и странскиот пазар, вршење на преговори со потенцијални инвеститори, селекција за настап на тендери, имплементација на продажните стратегии на ГИМ, следење на светските трендови во деловниот и технолошкиот развој, во соработка со подружниците кои активно делуваат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија. Има овластувања и за проектирање на сложени инжинерски објекти во Албанија и Црна Гора.

„Ќе придонесам за унапредување на Комората, додека со мојата стручност и експертиза би влијаел на изготвување на новиот предлог на законот за градење, ценовникот на инжинерски услуги, унапредување на БИМ технологија како животен циклус како во високоградбата, така и во нискоградбата и хидроградбата и во практичната примена на евро кодовите. Сметам дека постојаното надградување и подобрување на односите во опкружувањето е од суштинско значење за успех и дека  промените почнуваат во нас и од нас самите, вели Метикош.

Инаку од проектите надвор Метикош учествувал на тој за обиколница на Тирана по евро код, на основниот проект за изградба на тунел на Road Arberi, Lot 3 во Албанија. 

Метикош бил дел и од проекти за сообраќајна инфраструктура за Технолошко-индустриските развојни зони. 

Слично

Поврзани вести