КОЈ Е ЧОВЕКОТ КОЈ ХРАБРО ГО ПРЕЖИВЕА ПОЖАРОТ НА ТРАЕКТОТ: Спасувачите го најдоа два дена по големата несреќа во Јонското Море
Еден од
патниците, кој бил на траектот кој во петокот се запали во близина на Грција, е
безбеден и во добра здравствена состојба.
Засега единствено е познато дека преживеаниот млад човек е по потекло од Белорусија и дека е пронајден во раните утрински часови на левата задна страна на бродот, пренесува АП.
Уште 11 лица се водат како исчезнати. Исчезнатите патници се од Бугарија, Грција, Турција и Литванија, соопшти грчката крајбрежна стража.
„Пожарот сè уште е активен, а пожарните бродови се обидуваат да го изгаснат“, изјави министерот за поморство, Јанис Плакиотакис за телевизијата Скај пренесува Си-Ен-Ен.
ФОТО: Euronews Screenshot
Слично
