Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој добива, а кој губи од падот на цената на нафтата!?

Кој добива, а кој губи од падот на цената на нафтата!?
Неочекуваниот пад на цената на нафтата ги натера политичарите и аналитичарите во светот да ги сменат прогнозите за глобалниот раст. Во овој поглед The Wall Street Journal (WSJ) го поставува прашањето кои земји заработија најмногу и кои губат од промената. Трите африкански држави Република Конго, Екваторијална Гвинеја и Ангола се потпираат главно на приходите од нафтата, за да ги пополнат државните буџети. Се очекува тие да бидат погодени најсилно од промената. Падот од близу 40 долари за барел во текот на последните шест месеци е еквивалентно на милијарди долари изгубени приходи, одговорни за приближно 20% од бруто домашниот производ (БДП) на земјите. Најмногу профитабилни ќе бидат Џибути, Сејшелите и Киргистан. Увозот на горива зазема сериозен дел од нивните економии и падот на цените на суровините значи намалување на трошоците со приближно 11% од нивниот БДП. Ова ќе им овозможи на корисниците во овие земји да ги користат слободните средства за други стоки и услуги што може да го засили економскиот раст. Ако цената на нафтата се задржи уште шест до осум месеци, Саудиска Арабија ќе изгуби приходи во вредност од околу 117 милијарди долари. Земјата е еден од водечките извозници на суровини во светот. Веќе навлезената во рецесија руска економија, пак, може да изгуби уште околу 100 милијарди долари приходи, или околу 5% од БДП. Иран, исто така доживува слични проблеми, дополнети од меѓународните санкции и поевтинувањето на валутата, а за земјата опаѓањето на цените значат повлекување од 5% на БДП. Кувајт како земја која се потпира главно на приходи од продажба на нафта пак ќе изгуби околу 20 отсто од БДП, или околу 32 милијарди долари. За американските потрошувачи неочекуваната можност од најевтините горива е еквивалентно на 90 милијарди долари. Позитивен ефект ќе има и за економиите на Кина, Германија и Франција. Се очекува трите земји да одбележат по околу 1% раст на БДП поради евтината нафта. . Графиконот ги покажува измените на БДП на одделните земји поради движењата на енергетските пазари. Анализата е базирана на падот на цената на нафтата од 108 долари за барел во јуни до 71,30 долари за барел. Имајки ги во предвид сегашните вредности околу 63 долари за барел и очекувањата на некои пазарни учесници за уште пониски цени, овие вредности можат да бидат ревидирани. K.K.
Слично

Поврзани вести