Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој директор позајмува без камата на неговата фирма?

Кој директор позајмува без камата на неговата фирма?

Сашо Давитковски, втор по големина акционер и претседател на УО на „Скопски пазар“ заедно со неговата сопруга и нејзината фирма лани на „Скопски пазар“ му позајмиле околу 200.000 евра без камати кои фирмата ги вратила до крај на годината. Има ли врска ова со констатацијата на независната ревизија на „Грант Тортон“ дека лани друштвото се соочувало повремено со неможност навремено да ги подмирува своите тековни обврски?

Сашо Давитковски, претседател на управниот одбор на „Скопски пазар“ во неколку наврати лани позајмувал пари на фирмата што ја води, пишува во годишниот извештај на големата скопска трговска компанија. Според официјални и јавни податоци Давитковски лани во 9 наврати од почетокот на март до почетокот на јули на фирмата што ја води, и во која е втор најголем акционер, позајмил вкупно 8,02 милиони денари.  

Парите Давитковски на „Скопски пазар“ му ги позајмувал без камата, а компанијата според годишниот извештај парите ги вратила до крајот на 2016 година. Пари на „Скопски пазар“ зајмеле и жената на Сашо Давитковски, па и нејзината фирма „Сити Фешн Груп“. Вкупно Сашо Давитковски, неговата сопруга и нејзината фирма без камати на „Скопски пазар“ лани му позајмиле 12,3 милиони денари односно околу 200.000 евра.

„Скопски пазар“ позајмувал од директорот и од неговата жена, а и од фирмата на жена му

Според официјалната евиденција во еден наврат во март позајмил 500.000 денари, во април во два наврати позајмил 1,7 милиони денари, во мај уште 300.000 денари, а во јуни во четири наврати позајмил уште 5,3 милиони денари. Последната позајмица реализирана на први јули е 217.603 денари. Во извештајот пишува дека освен Сашо Давитковски, на „Скопски пазар“ во три наврати 1,28 милиони денари (над 20.000 евра) му позајмила и неговата сопруга Љиљана Давитковска. И во случајот на Давитковска партие биле вратени на крајот на 2016 година. Воедно на „Скопски пазар“ пари му позајмила и фирмата „Сити Фешн Груп“ во кое Давитковска е управител и сопственик на 50 отсто од уделите на друштвото. Фирмата на Давитковска на „Скопски пазар“ му позајмила 3 милиони денари односно 50.000 евра. Позајмицата била реализирана во јуни, а парите биле вработени без камата до крајот на 2016 година како што било договорено меѓу двете страни.

Независната ревизија на „Грант Тротон“, како што веќе пишувавме во својот извештај потенцираше дека во текотна извршувањето на своите деловни активности во 2016 година друштвото повремено сесоочуваше со неможност за навремено подмирување на своите тековни обврски кондоверителите, како и доцнење во исплатите на дивидендите на своите акционери. Дали ова има поврзаност со позајмиците на претседателот на управниот одбор, неговата сопруга и нејзината фирма?

„Скопски пазар“ е трговски гигант во скопскиот регион според средствата со кои располага. Компанијата има во сопственост 14 пазари во Скопје од кои 13 зелени пазари со 3.300 тезги и еден добиточен пазар, има градежно земјиште од 178.000 квадратни метри и деловно-административни објекти од 54.000 квадратни метри. Фирмата има 7 супермаркети и 3 дисконти и еден ресторан во Скопје.

Приходите од продажба на „Скопски пазар“, како што сме пишувале и досега се намалуваат од година во година. Како паѓале приходите на трговскиот гигант под управата на Давитковски можете да прочитате на следниот линк „Скопски пазар“ изгуби една милијарда денари приходи од продажба под управата на браќата Давитковски

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести