Кој ден во неделата – е твој ден
Секоја од петте планети на хороскопот, плус сонцето и месечината, влијае врз нас. Седумте дена во неделата биле именувани од страна на овие планети, така што секој ден во неделата има и свое специфично значење кое се пренесува врз луѓето родени на тој ден.
Вашиот специјален ден е денот на кој сте родени. Ако сте родени во, на пример, среда, тогаш сте многу остроумни а ако сте се родиле во петокт - шармантни сте ... Како и да е - дознајте ја својата предност, и искористете ја најдобро што можете.
Недела - ден на сонцето
Овој ден е погоден за благородни дела, кога ќе треба да се покаже добрина и великодушност, и да се покаже подобрата личност во вас - сонцето е таква планета, која дава живот и осветлува пат за себе и другите, можноста да го следите сончевиот карактер е тука а ваше е да го направите тоа. Вие не сте создадени да чекате некој нешто да направи за вас, напротив.
Понеделник - ден на Месечината
Ако е ова денот на вашето раѓање, или денот кој е ваш избор стекнат со времето, навиките и искуството кое го имате во понеделниците... треба да знаете дека е понеделник добар ден за социјални и бизнис-контакти, комуникација со семејството и пријателите. Тоа е денот кога треба да се има почит кон сопствените емоции, и да се негуваат чувствата кои придонесуваат кон исполнување на препораките од денот понеделник, затоа што чувствата се менуваат брзо, како и месечината. Ако ги препознаете добрите емоции во вас, уживајте во нив колку е можно подолго.
Вторник - ден на Марс
Ова е посебен ден, во кој се раѓаат освојувачите, борбените и победниците. Дали се родиле во вторник, или пак вторник им е ден избран од нив за период во неделата кога се чувствуваат најбилску до сопствениот карактер, личностите под заштита на планетата Марс се такви какви што се претходно опишани. Тоа е ваш ден во кој добивате дополнителна моќ и енергија. Тогаш е добро време да да се започне нешто, да се надминат пречките. Но, со енергијата која се има тука е и предизвикот на Марс - за конфликти и инциденти, на што треба да се внимава и енергијата паметно да се употребува.
Среда - денот на Меркур
Среда е ден на мислечките и луѓето кои сакаат да ги разберат, а не само да ги извршуваат работите. На темелните личности. Тоа е избран ден за интелектуална работа, за интроспекција, учење, пишување, читање ... Исто така, за комуникација од сите видови, било да се тоа разговори со луѓето околу вас, или пак да комуницирате преку интернет, телефон, испратете e-mail ...
Четврток - Ден на Јупитер
Родени сте во четврток, или вашето искуство покажало дека најдобро функцинирате во тој ден, тогаш сметајте се себеси за личност која умее да планира, која е дипломат што знае да согледа проблем, да ги измери последиците од него и можностите тој да се реши. Вие сте опозит на силниот и енергичниот Марс, кој турка напред како булдожер. Кај вас планот и умот е над силата која знаете да ја користите дури и ако не е ваша. Вие не мора да го уништите непријателот како што тоа го прави Марс, умеете да го убедите самиот да ви с е предаде. Јупитер е крал на планетите кој е погоден за решавање на големи проблеми. Со помош на позитивен став, може да се постигне многу.
Петок - денот на Венера
Тој ден, технички, е време кога завршува работниот ден во неделата. За оние родени во петок, или тие за кои петок е денот кој ги усреќува, карактеристична е нивната мека природа, склоноста кон уживање, кон убави и позитивни чувства кои што побудуваат љубов и близина од околината. Иако во петок за другите се случува промена заради викенд деновите на одмор од работата, заштитниците на Венера, на кои петок им е нивни ден, не чувствуваат големи промени, затоа што и во сабота и недела... опуштеноста, добрата мисла и поттикнувањето пријатно расположение кај себе и во својата околина - се денови на кои ова им е потребно, како и во секој друг ден од неделата.
Сабота - денот на Сатурн
Сатурн е планетата која спречува работите да излезат од контрола. Родените на тој ден имаат способност, повеќе од другите, да гледаат подалку од моментот и да согледаат последици одо настаните и постапките. Согласно нивниот карактер, таков е и денот - недела. Тоа е ден кога треба да го забави темпото на секојдневието, акциите да се остават за понатаму, да се биде повеќе препуштен на себе, да справи со некои од деталите кои за кои се немало време да се мисли и решава во текот на неделата
Слично
