Кој дел од Европа го има највисокиот БДП по жител?
Највисокото ниво на БДП по жител е забележано во ирските региони – Даблин (139.500 PPS) и Југозападниот регион (137.300 PPS), според класификацијата на територијалните единици за статистика (NUTS 3).
По нив следуваат германскиот град Волфсбург со 136.500 PPS, со податоци од 2022 година, и Париз со 126.900 PPS.
Од друга страна, францускиот прекуокеански регион Мајот имаше најнизок БДП по глава на жител, со само 10.500 PPS, по што следуваат бугарските региони Хасково (11.000 PPS) и Силистра (11.100 PPS). Бруто домашниот производ (БДП) по жител во Европската Унија изнесувал 38.100 според стандардите на куповната моќ (PPS) во 2023 година, што е зголемување во споредба со 36.000 PPS во 2022 година, објави во понеделник Европскиот завод за статистика (Евростат).
foto freepik.com
