Кој чува пари на Кипар? За првпат по кризата растат депозитите на островот
Депозитите во кипарските банки во април се зголемени за 266,3 милиони евра за првпат по декември 2012 година и финансиската криза која ја зафати оваа земја.
Како што соопшти кипарската централна банка, депозитите на домашните резиденти се намалени за 243,9 милиони евра, а депозитите од граѓани на другите земји-членки на ЕУ се намалени за 16 милиони евра. Така што, растот се должи единствено на зголемени депозити од граѓани од други земји во светот и тоа за цели 526,6 милиони евра.
Огромниот кипарски банкарски сектор беше принуден на радикално преструктурирање минатата година, како дел од спогодбата со меѓународните кредитори, кои на островската држава и дадоа кредит од 10 милијарди евра за излез од кризата.
Согласно спогодбата, затворена беше втората по големина кипарска банка Лаики, а депонентите во најголемата Банка на Кипар депонентите претрпеа големи загуби. Финансискиот сектор од тогаш се бори повторно да изгради стабилна база на депозити.
Слично
