КОЈ БАРАШЕ БРЗ ЌАР ОД ЕМБАРГОТО ЗА РУСИЈА? Штетата ќе ја плати цела држава!
Можното ембарго од Русија ќе влијае негативно врз македонскиот извоз, коментираат дел од бизнисмените. Но според извозниците уште полошо е доколку се потврдат сомневањата на руската Ветеринарна и фитосанитарна инспекција, дека извезуваните производи од Македонија имаат само македонска етикета, но европско потекло. Во тој случај според бизнисмените ќе се наруши имиџот на државата и ќе изгубиме важен трговски партнер.
-Од една страна сум изненаден од друга страна и не сум, кај нас има бизнисмени кои сакаат лесно и брзо да заработат пари а при тоа не размислувајќи за последиците. Има поединци кои сакаат да профитираат во вакви ситуации и мислат дека тоа е бизнис. Но доколку се потврдат сомневањата на русите тогаш ќе се наруши имиџот на државата, а покрај нив и другите бизнисмени ќе настрадаат. Исто ова се случи и со Хрватска која преку Србија правеше реекспрот, но од некои причини немаше санкции за Србија, вели Виктор Петков, сопственик на компанијата Випро.Од македонско-руската стопанска комора изјавија дека не се запознаети со состојбата и дека до нив не стигнала ваква информација. Според претседателот на комората Дејан Бишлиев, тоа има зголемување на извозот кон Русија но не драстичен и тоа не треба да значи дека преку Македонија се врши реекспорт на европски прехрамебни производи.
-Ние досега немаме таква информација дека македонски компании вршеле реекспорт на овошје и зеленчук од ЕУ кон Русија. Сметаме дека нашите компании ги почитуваат правилата воспоставени од Руската Федерација. А извозот, погледнато преку статистичките податоци може да видиме дека тој се движи во рамки на минатогодишниот односно заклучно со 30.09.2014 извозот е 28,938 милиони долари САД.Нема драстично зголемување на извозот кое би навело дека Македонија врши реекспорт на европски производи. Има зголемување во однос на минатата година, но повторно во количините е тоа што Македонија го произведува, вели претседателот на руско-македонската стопанска комора, Дејан Бишлиев.Русија: Македонија за една недела да испрати докази за потеклото на производите Руската ветеринарна и фитосанитарна инспекција вчера преку соопштение ги повика македонките власти за една недела да испратат докази за потеклото на производите.Ако тоа не го стори или пак доколку извезените производи во Русија се со европско потекло а македонска етикета, руската инспекција се закани со блокада на увозот на македонските производи.Во соопштението руската посочува дека е регистрано драстично зголемување на понудата на производи од Македонија и се сомневаат во автентичноста на фитосанитарните сертификати, и затоа бараат докази. -Со цел да се отстранат ризиците поврзани со незаконскиот реекспорт на растителни продукти и продукти за јадење од Македонија, Руската федерална ветеринарна и фитосанитарна инспекција се обрати до македонските државни служби за карантин и заштита на растенијата со молба, да во текот на една недела им ги достават претходно побараните материјали за системот на проверка на извозните подкарантински стоки и заклучоците за времетраењето на повеќето фитосанитарни сертификати. Во случај ако доставената информација биде нецелосна или неадекватна, Руската федерална ветеринарна и фитосанитарна инспекција, не ја исклучува можноста за воведување на мерки на ограничување во однос на испораките на македонските земјоделски производи на рускиот пазар, стои во соопштението од руската инспекција. Од македонската Влада изјавија дека министерството за надворешни работи е во постојана комуникација и дека состојба се следи. Од МНР ја потврдија информацијата за заканите на Русија и дека во текот на вчерашниот ден имало средба меѓу македонскиот в.д амбасадор во Русија Јане Богоевски . Од таму велат дека листата со производи од руската агенција ќе ја проверат со македонската Агенција за храна и ветеринарство. Засега не се открива за кои производи станува збори ниту пак кои се извозниците. Неофицијално се работи за јаболка, компири и други прехрамбени производи. Од МНР потврдија дека ако Македонија за седум дена не одговори, Русија ќе го блокира увозот на македонски производи. Русија е 16-ти трговски партнер на Македонија Според годинешните статистички податоци Русија е 16-ти трговски партнер на Македонија во вкупната размена која ја имаме со светот. Извозот во првите шест месеци од годинава изнесувал над 14,1 милиони евра, а само за јули и август извоз е 12,2 милиони евра. Кога се Русија ги спушти рампите за европските производи и Европската Унија за руските производи, трговците од Русија ја зголемија побарувачката за прехрамбени производи од другите земји како Аргентина, Бразил, но и од Македонија. Тогаш на македонски терен се бараше килограм повеќе од зеленчукот и овошјето, како и од преработките. Македонските бизнисмени уште тогаш повикаа оваа шанса колку може да се искористи и да не се прават малверзации. Но ставот на бизнисмените беше дека македонското производство нема толку голем капацитет за во целост да одговори на барањата на руските трговци и дека зголемувањето на извозот нема да биде драстичен со оглед на капацитетот. Дополнителен проблем за земјоделското производство беа и лошите временски усови кои го намалија производството на овошје и зеленчук. Црна Гора и Албанија на мета од Русија Русија го забрани увозот на месо од Црна Гора, бидејќи руските служби откриле дека преку Црна Гора во Русија влегуваат европски производи. Директорот на Службата за надзор на земјоделството Сергеј Данкверт, изјави дека Црна Гора извезувала пратки на месо од ЕУ со лажни сертификати. Данкверт додаде дека Албанија и Македонија се соочени со слични забрани, ако двете земји не ги отфрлат сомнежите за злоупотреба до 24 ноември. Украинската криза е причината за руско-европскиот спор, кој почна кога ЕУ и САД не го признаа припојувањето на Крим кон Русија. Тогаш САД и ЕУ воведоа санкции против Русија. Возврати претседателот на Русија Владимир Путин, кој во август воведе забрана за увоз на храна од членките на ЕУ, од Америка, Норвешка, Австралија и Канада. Русија го намали бројот на транспортни дозволи за Македонија Селдната година само 160 македонски камиони со Еуро 5 стандард ќе може да превезуваат стоки во Русија. Руските служби за четири пати ги намалија дозволите кои ги добиваат македонските транспортери.Оваа информација ја изнесе министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на вчерашната распредлба на ЦЕМТ дозволите и изјави дека постои проблем со Русија, за кој ќе се бара решение, преку зголемување на бројот на дозволи за македонските транспортери во трети земји.Транспоретите велат дека ваквото намалување на дозволите за транспорт, ќе им нанесе голема штета. Лани Македонија имаше ембарго од Косово Минатата година Косово стави ембарго за увоз на дел од македонските производи поради нашата мерка за условен увоз на брашно, а потоа Македонија возврати со патни такси за косовските државјани. Косово не застана, па ја спушти рампата за увоз на сите македонски производи. Македонија од Косово речиси и да не увезува пченица, а брашно незначителни 30 отсто. Токму овој податок го отвори прашањето зошто Косово се одлучи на ваков смел потег? Во јавноста се вртеја неколку сценарија. Од тоа дека Косово отвора терен за влез на други производи од други држави, потоа до тоа дека во периодот беа пред парламентарни избори па секој долар им е важен. Сепак според експертската јавност потезите на Косово не беа само од економски мотиви, туку имаа политичка позадина. За истата македонска мерка за влакно се избегна и ембарго од Србија. Два месеци министерите на Македонија и Србија преговраа, а пробелемот стигна и до седница на Комитетот на ЦЕФТА. На седницата членките на ЦЕФТА ја повикаа Македонија да ја укине мерката во разумен рок. Набрзо потоа Македонија ја повлече мерката за условен увоз на пченица и брашно. Состојбите се решија, но финансики штети претрпе бизнисот. Ј.С
Слично
