Кои земји во светот имаат најголеми златни резерви?
Франција е четврта земја во светот по резерви на злато.
Taa е четврта држава во светот по резерви на злато по САД, Германија и Италија, а овие резерви служат како гаранција за стабилноста и кредибилитетот на Банката на Франција.
Денес, валутите што циркулираат низ целиот свет, како што се еврото, доларот и јенот, постојано се менуваат под влијание на геополитички конфликти, одлуки за монетарната политика и економски шокови. Сепак, постои средство кое ја задржува својата вредност без оглед на надворешните фактори, а тоа е златото, вистинско безбедно засолниште, бидејќи не зависи од политиката на која било земја, пренесува Бета, повикувајќи се на Euronews.
По САД (8.133 тони злато), Германија (3.350 тони) и Италија (2.452 тони), Франција има четврти најголеми резерви на злато во светот со 2.437 тони, според податоците објавени во ноември 2025 година.
Овој број остана непроменет од 2009 година, датумот на последната продажба на злато.
foto printskrin youtube
