Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји се магнет за милионери, а од кои бегаат?

Кои земји се магнет за милионери, а од кои бегаат?

Земјите кои привлекуваат најмногу богати луѓе  се Австралија, САД и Канада, а зад нив е Нов Зеланд. 

Во 2016 година 82 000 милионери ја напуштиле својата татковина и се преселиле во друга земја, покажуваат податоците на New World Wealth, цитирани од CNBC. 

Во Австралија минатата година се преселиле 11.000 милионери, во САД заминале 10.000 милионери, а во  Канада 8.000. Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12.000), Кина (9.000), Бразил (8.000), Индија (6.000) И Турција (6.000). САД традиционално ги привлекуваат богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува CNN. Зелениот континент се смета како сигурно место за одгледување на деца, со стабилен здравствен систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.

Австралија воедно е и добро место за водење бизнис. Богатите бегаат од Франција главно поради високите даноци и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.

Слично

Поврзани вести