Кои земји поседуваат најмногу злато?
Златните резерви на сите земји во светот изнесуваат 32.803 тони.
Државите од еврозоната заедно со „ЕЦБ" имаат 10.786 тони златни резерви.
Податоците на Светскиот совет за злато говорат дека 20-те земји со најголеми златни резерви денес поседуваат вкупно 25.923 тони злато, што претставува 79.03% од вкупните резерви.
Најбогатите држави со злато кои се седум располагаат со над 1.000 тони. Прва е САД со 8.133 тони, а зад неа се Германија со 3.378 тони, Италија и Франција со 2.451 и 2.435 тони. Двете земји кои купуваа најмногу злато годинава се Кина и Русија, а можат да се пофалат со 1.828 и 1.498 тони злато, додека Швајцарија има 1.040 тони.
Златните резерви на Кина на крајот на јули се проценети на 78.89 милијарди долари, или за 2% повеќе во однос на 77.4 милијарди долари на крајот на јуни, информираа неодамна од „Bank of China". Со сегашните стапки на купувања за 34 години Кина ќе ги надмине Италија и Франција и ќе го заземе третото место во светот. Помалку од 1.000 тони злато имаат Јапонија, Холандија и Индија, додека Турција се наоѓа на 11-та позиција. Во топ 20 влегуваат Тајван, Португалија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Либан, Шпанија, Австрија, Казахстан и Белгија.
На глобално ниво последниве месеци скока побарувачката на злато.
