Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји од Западен Балкан имаат највисок јавен долг?

Кои земји од Западен Балкан имаат највисок јавен долг?

Албанија e втора на Балканот по високото ниво на јавниот долг, стои во извештајот на Европската комисија. Пред неа е Црна Гора. 

Според најновите квартални податоци од Европската комисија, Албанија, и покрај намалувањето во последните години, е позиционирана меѓу земјите со највисоко ниво на јавен долг во однос на бруто домашниот производ (БДП) во регионот на Западен Балкан.

Во податоците за третиот квартал од 2025 година, јавниот долг на Албанија достигна 53,5 отсто од БДП, што ја рангира земјата на второ место во Западен Балкан, веднаш зад Црна Гора, каде тој изнесува 58,6 отсто од БДП.

„Северна Македонија забележа јавен долг од 50,3 отсто од БДП, додека Србија, која има поголема економија, забележа долг од 43 отсто од БДП. Босна и Херцеговина и Косово резултираат со пониски нивоа,  26,4 отсто односно 16 отсто од БДП“, објави „Монитор“.

Во извештајот на ЕК се истакнува дека јавниот долг останува еден од главните показатели за макроекономска одржливост, што ги одразува фискалните перформанси на земјите и нивниот капацитет за управување со јавните трошоци во предизвикувачки времиња.

Во Албанија, нивото на јавниот долг останува над просекот на неколку економии во регионот, иако под нивото на земјите со поголем фискален товар, како што е Црна Гора.

Во својата анализа, Европската комисија истакнува дека нивоата на јавниот долг биле под влијание на комбинација од фактори, вклучувајќи ги фискалните мерки преземени во периодите на економско закрепнување по кризите и потребата од поддршка на јавните услуги.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести