Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји имаат највисоки плати?

Кои земји имаат највисоки плати?

На прво место по висината на платите е Луксембург.  Просечна плата ­ 61.511 долари годишно. Луксембург е најмалата држава во списокот ­ и по територија и по број на жители. Нејзината економија се базира на банкарскиот сфера и инвестициите.

Потоа следи САД. Просечната плата е­ 57.138 долари годишно. САД е најголемата економија и најбогатата земја во светот. САД е меѓу најголемите извозници на нафта и светски лидер на берзата. Американците имаат најголем чист приход на светот, но немаат слободно време. Работната недела е од 44­  часа. 

Просечната плата ­ во Швајцарија е 57.082 долари годишно. Нејзината економија се базира на производството ­ фармацевтски производи, часовници, мерни инструменти и друго. 

Во Ирска просекот е 53.286 долари годишно. Ирска е позната по квалитетот на живот и како една од најотворените економии на светот. 

Петта земја е Норвешка. Таа има просечна плата од­ 51.718 долари годишно. Норвешка е богата со природни ресурси.

Зад неа е Австралија со просек од­ 51.148 долари годишно. Австралија е позната по висока минимална плата, која изнесува 17 долари на час. Тоа е највисоко ниво на минимална плата во целиот свет. 

Холандија е седма. Просечната плата ­ изнесува 51.003 долари годишно. Холандија е една од најбогатите земји во светот по показател БДП по глава на жител. Тоа значи дека тука платите се високи. 

Данска е на осмата позиција со просечна плата ­ од 49.589 долари годишно. Данска има силна и разновидна економија. Ова го објаснува високиот животен стандард. Како и другите скандинавски земи и тука има и повисоки даноци. 

Канада е претпоследна држава во топ 10. Просечната плата ­ е 48.164 долари годишно. Канадската економија е една од најголемите во светот. 

Просечната плата ­во Белгија е 48.093 долари годишно. Оваа земја има силна и разновидна економија и висока просечна плата во споредба со другите европски земји. 

Слично

Поврзани вести