Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји имаат најмногу туристички ноќевања?

Кои земји имаат најмногу туристички ноќевања?

Бугарија е земјата со најголем раст на туристичките ноќевања во 2016 година, покажуваат податоците на Евростат. 

Минатата година вкупниот број на ноќевања  е 25,2 милиони или зголемување од 17,9%. 

На второ место по бројот на реализирани  ноќевања во хотелите се  Италија и Франција со по 394,6 милиони ноќевања.

Најдиректен конкурент на Бугарија во привлекувањето на туристи  е Грција. 

Ноќевањата во хрватските хотели се зголемуваат со 7,7% до 77,7 милиони. Земјата привлекува многу странци (93% од ноќевањата). Странците реализираат најголем број ноќевања од вкупните во Малта (96%) и Кипар (95%).

На спротивната страна се Германија и Полска, каде странските државјани реализираат само 20% од сите ноќевања во локалните места за сместување на туристи.

Во Шпанија се реализирани 454,3 милиони ноќевања, што е за речиси 8% повеќе во однос на 2015 година. 65% од ноќевањата се од странски државјани.

Генерално податоците на Еуростат за ЕУ ​​покажуваат слабо зголемување на ноќевањата во 2016 година. Вкупно во ЕУ се реализирани 2,8 милијарди ноќевања, што е зголемување од 2% на годишна основа. 46% од ноќевањата се реализирани од странски државјани.

Слично

Поврзани вести