Кои земји годинава ќе изненадат со добар економски раст?
Се очекува Европа да забележи скромен економски раст, но неколку земји во развој се прогнозира дека ќе имаат стапки двојно поголеми од глобалниот просек.
Од Јужен Судан до Етиопија, силата на извозот ги движи клучните економии во 2025 година. Оваа инфографика ги прикажува најбрзорастечките економии во 2025 година, врз основа на проекциите од најновите светски економски перспективи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Се очекува економијата на Јужен Судан да порасне за речиси 25 oтсто оваа година, бидејќи главната мрежа на нафтоводи е обновена откако беше оштетена минатата година. Сепак, економијата на Јужен Судан останува многу кревка. Конфликтот во соседен Судан би можел да го наруши протокот на нафта, која сочинува околу 90 проценти од приходите на земјата.
Слично на тоа, Либија и Гвајана бележат силен економски раст благодарение на извозот на нафта. Гвајана особено се издвојува, со нејзината нафтена индустрија која се очекува да генерира приходи од 2,5 милијарди долари до 2025 година и дури 10 милијарди долари до 2030 година, благодарение на огромните нафтени полиња откриени по должината на нејзиниот брег.
Од развиените земји, само Ирска беше на листата на најбрзо растечки економии, првенствено поради забрзаниот извоз на фармацевтски производи, како реакција на царините на американскиот претседател ДоналдТрамп. Во меѓувреме, се очекува Индија да оствари раст од 6,6 проценти, и покрај трговските тензии. Иако се соочува со ефективна царинска стапка од 33 до 36 проценти, една од највисоките во светот, американската побарувачка за стоки сè уште сочинува околу два проценти од БДП на Индија, пренесува Kamatica.
foto freepik.com
