Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои услови треба да ги исполнувате за да аплицирате за „Купи куќа за млади“?

Кои услови треба да ги исполнувате за да аплицирате за „Купи куќа за млади“?

Официјално од денеска може да аплицирате за новиот проект кој го најави Владата а се однесува пред се за млади лица.

„Купи куќа за млади“ важи за за сите млади лица до 35 години и има за цел да обезбеди поддршка за нова куќа преку достапни два модели и се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба.

Условите за добивање на ваква субвенција се прилично исти како и оние за „Купи куќа купи стан“.

Имено, државата со првиот модел, за кредит до 20 години  и максимален износ до 50 илјади евра ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години 50 проценти, додека со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.

Брателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Ако корисникот е поединец за да користи субвенција треба да има до 35 години месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници барем еден од нив да биде до 35 години и да имаат вкупен приход до 1.300 евра.

Субвенцијата е неповратна, а имотот за време на поддршката од државата не смее да се оттуѓува. Со амандманските интервенции, проектот се прошири и за лицата кои наполниле 35 години. Ќе може да аплицираат и оние кои имале стан или куќа на свое име, но во последните три години ги оттуѓиле за купување на поголем дом.

Овој проект се очекува да направи градежна експанзија и бенефит за градежните компании. А се очекуваат и нови работни места и стимул на градежништвото.

И од Сојузот на стопански комори ја потеницраат потребата од ваквите проекти и очекуваат поголем развој на градежништвото кое е во подем.

Слично

Поврзани вести