КОИ ТРОЈЦА ДИРЕКТОРИ ДОБИЈА МАНДАТ УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ, А ЌЕ ЗЕМААТ ПАУШАЛ ОД 20 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ МЕСЕЧНО - еве какво известување стигна од „Жито Полог“
Производителот на леб, Жито Полог, со инвеститорската јавност сподели инфопрмација дека се бираат нови директори во Одборот на директори на компанијата, но фактички старите остануваат на истите позии.
Имено, на сегашните директори Сашо Босилков, Катерина Дамјановска и Стојна Маџарова, мандатот им престанал, но веќе од понеделникот, односно од 7 април годинава, тие се реизбираат и добиваат нов мандат од 4 години.
Стојна Маџарева ќе биде назначена за независен член на Бордот на директори.
Во одлуката за избор на овие тројца директори е наведено дека тие, вклучително и независниот член, за својот ангажман ќе добиваат месечен паушал во нето износ од по 20 илјади денари, како и право на надомест на сите други трошоци, но и други права што се поврзани со вршењето на нивната функција, како што се користење на работни простории, потребни средства за работа, право на користење на возила и друго, за што одлука донесува Одборот на директори.
Н.Н.Ф.
