Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koи три земји купуваат најмногу злато?

Koи три земји купуваат најмногу злато?

Оваа година три земји предничат по купување на злато. 

Во 2020 година најмногу злато купиле Турција, Индија и Русија.

Од 2010 година досега Русија  ги зголеми своите резерви за скоро 1.650 тони. 

Сепак, иако е во топ 3, Русија годинава ги намалила набавките на злато, па купила 27,5 тони, за разлика од лани кога резервите ги зголемила за 158,1 тон и преклани кога купила 274,3 тони.

Поголеми набавки од почетокот на годинава имале и Обединетите Арапски Емирати (16 тони), Катар (9,3 тони) и Аргентина (6,8 тони).

Најголеми продавачи на залато, пак, се Узбекистан кој продал 28,6 тони, Шри Ланка со 12,9 тони, Таџикистан со 11,3 тони, Колумбија со 9,7 тони, Филипини со 7,8 тони, Монголија со 7,6 тони и Германија која продала четири тони.

Инаку, цената на златото наскоро ќе расте. 

Слично

Поврзани вести