Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои три европски земји ќе ги штитат бродовите во Ормутскиот теснец?

Кои три европски земји ќе ги штитат бродовите во Ормутскиот теснец?

Три европски држави ќе ги штитат бродовите во Ормутскиот теснец. 

„Велика Британија разгледува низа опции со своите сојузници за поддршка на трговските бродови што пловат низ Ормутскиот теснец поради заканите од Иран“, изјави портпаролот на премиерот Кир Стармер, откако разговараа британскиот премиер и лидерите на Италија и Германија.

По разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, Даунинг стрит објави дека лидерите се согласиле за „клучната важност на слободата на пловидба“ низ теснецот. Тие „се согласија за тесна соработка во наредните денови во однос на иранските закани“.

„Работиме со нашите сојузници на низа опции за поддршка на комерцијалниот поморски сообраќај низ теснецот, во согласност со развојот на ситуацијата со заканата“, рече портпаролот.

Пред десет дена САД и Израел почнаа напади на Иран, а Иран пак го попречува транспортот на нафта низ теснецот. 

Ормускиот теснец, широк околу 34 километри, е еден од најважните енергетски коридори во светот.

Иранските власти планираат да наметнат „безбедносна такса“ за танкери за нафта и комерцијални бродови во Персискиот Залив што им припаѓаат на земји сојузнички на САД, изјави ирански извор за Си-Ен-Ен.

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека на секоја арапска или европска земја што ќе ги протера израелските и американските амбасадори од својата територија ќе ѝ биде дадена „целосна слобода и овластување“ да помине низ Ормутскиот теснец.

foto Wikipedia/Paskal

Слично

Поврзани вести