Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои три европски земји имаат највисока инфлација?

Кои три европски земји имаат највисока инфлација?

Со инфлација од 5 проценти, Грција се наоѓа меѓу земјите со највисок раст на цените во Европската Унија. Повисока инфлација во мај забележале само Бугарија со 6,3 проценти и Литванија со 5,1 процент.

Инфлацијата во Грција изнесуваше 5 отсто во мај, во споредба со 4,6 проценти во април, покажуваат прелиминарните податоци што во вторникот ги објави европската статистичка служба Евростат.

Причина за тоа се цените на енергенсите, кои дополнително се зголемија поради конфликтот на Блискиот Исток.  Инфлацијата во еврозоната порасна на 3,2 проценти, од 3 отсто во април.

На ниво на еврозоната, најголем придонес за инфлацијата има енергетскиот сектор, каде растот достигнал 10,9 проценти во мај, во споредба со 10,8 проценти во април.

Следуваат услугите со раст од 3,5 проценти, наспроти 3 проценти претходниот месец. Кај храната, алкохолот и тутунот е забележан раст од 2 проценти, додека кај индустриските производи што не се поврзани со енергијата инфлацијата достигнала 0,9 проценти.

Економистите предупредуваат дека продолжените тензии на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите би можеле дополнително да го зголемат инфлаторниот притисок во Европа во наредниот период.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести