Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои три европски држави произведуваат најмногу зеленчук?

Кои три европски држави произведуваат најмногу зеленчук?

Според Евростат, Италија, Шпанија и Франција се први во производството на зеленчук во Европа. 

Шпанија има производство од 14,8 милиони тони, Италија од 13,9 милиони тони и Франција од 5,8 милиони тони. Овие три држави заедно сочинуваат 55 отсто од вкупното производство.

Производството на домати во ЕУ се зголеми за пет отсто на годишно ниво, на 16,8 милиони тони, на моркови за шест отсто, на 4,7 милиони тони, а на кромид за 11 отсто, на седум милиони тони.

Италија се истакнала како најзначаен производител на домати со 36 отсто удел во целокупното производство, следена од Шпанија со 27 отсто и Португалија со 10 отсто. Германија доминирала во производството на моркови со 18 отсто удел, додека Франција и Полска имале 14 отсто и 12 отсто соодветно. Холандија е прва во производството на кромид со 26 отсто, пред Шпанија со 20 отсто и Германија со 12 отсто.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести