Кои села ќе ги посети мобилниот даночен шалтер на УЈП?
Мобилниот даночен шалтер на Управата за јавни приходи месецов ќе посети десетина села ширум Македонија.
Денеска се во Зрновци, а задутре ќе бидат во Старо Нагоричане. На 6 октомври ќе го посетат Лозово, а на 7 се во Кривогаштани. На 12 ќе бидат во Чашка, а на 13 се во Долнени и Лозово. На 18 октомври ќе ги посетат Житоше и Липково. На 20 октомври според возниот ред објавен на веб страната на УЈП, пак Лозово, а на 25 се Дебреште и Конче. На 28 Зрновци и на 31 Карбинци.
Посетите ќе траат од 10 до 15 или од 10 до 14.30 часот на срред село или пред општински згради, онаму каде има општини.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.
