Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се условите што Грција ги прифати за да добие трет пакет помош?

Кои се условите што Грција ги прифати за да добие трет пакет помош?

Грција и меѓународните кредитори постигнаа договор за новата финансиска помош, која треба да помогне Грција да ја надмине должничката криза. Во договорот Атина прифати низа реформи кои мора да ги спроведе.

Една од клучните точки е да се укини раното заминување под пензија и зголемување на старосната граниза на 67 години до 2022 година. Грчката Влада се обврза и на постепено остварување буџетски суфицит од 0,25 отсто во 2015 до 3,5 проценти во 2018.

Грчката економија оваа година треба да се движи некаде меѓу 2,1 и 2,3 посто пораст, минимум 0,5 отсто во 2016.Владата треба да направи дерегулација на пазарот и да ги укине даночните олеснувања за земјоделците.

Освен тоа, Грција треба да ги скрати пензиите и да воспостави построги правила за наплаѓање на даночни долгови. Во договорот со меѓународните кредитори, Грција прифати и да ја приватизира инфраструктурата за пренесување електрична енергија.

Атина се согласила на функционирањето на нов независен фонд за приватизација, како и за управување со банкарските заеми што не може да се наплатат.

На крајот, Грција ќе мора и да спроведе реформи на системот за социјална заштита, чија цел е кратење на трошоците. Освен тоа, грчката влада треба да го дерегулира пазарот на гас до 2018 година, како и да ги приватизира пристаништата во Пиреа и Солун.

Слично

Поврзани вести