Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се трите планови на Катица Јанева?

Кои се трите планови на Катица Јанева?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јавенева денеска до Советот на обвинители, Владата и Собранието ги предаде општиот работен, финансиски и персонален план за работа.

Во наредната недела Советот треба да ги разгледа и да ги одобри. Според член 13 од Законот за специјалното обвинителство ниту една од овие институции нема право да стави забалешки или интервенции во плановите.

Во персоналниот план Јанева има предложено тим од 14 обвинители со кои заедно треба да работи во истражување на кривични дела поврзани со прислушуваните разговори.

„Изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна. Плановите се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство."

На седницата за избор и усвојување на плановите, која ќе се закаже следната недела, ќе се дискутира за секој кандидат поединечно.

Во финансискиот план јанева треба да одреди колку пари и се потребни нејзе и на нејзиниот тим за плати, истрага, за стручни и надворешни соработници, истражители. Исто така, и за трошоци за патувања и истраги во странски земји, кои беа спомнати во неколку аудио снимки од објавените прислушувани разговори, бидејќи целата работа не може да се врши само од канцеларија.

Јанева во рок од 18 месеци ќе треба да заврши со истрагите и да подигне обвиненија за дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Ако во рамки на тој период не покрене обвинение, понатаму не ќе може да го стори тоа.

Слично

Поврзани вести