Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ ТРИТЕ КРИТИЧНИ ТОЧКИ ВО ЕВРОПА - едната од нив е многу блиску до нас, се стравува за Босна и Херцеговина

КОИ СЕ ТРИТЕ КРИТИЧНИ ТОЧКИ ВО ЕВРОПА - едната од нив е многу блиску до нас, се стравува за Босна и Херцеговина

Во француски весник е објавена анализа за критичните точки во Европа. Акцент е ставен на регионите во кои наскоро да дојде до вооружени судири, а како особено критична е оценката за актуелната состојба во Босна и Херцеговина.

Според наводите на авторот на статијата, Фабиен Казенава, во Европската Унија последните недели сè повеќе се стравува дека на прагот на континентот ќе избие вооружен судир – ситуацијата во регионот се разгорува поради илјадниците мигранти од Јужен Курдистан кои се собираат на границата меѓу Полска и Белорусија.

Варшава не ги пушта бегалците од Блискиот исток на територијата на Европската унија, потсетува новинарот и додава дека Полска на своите источни граници распоредила околу 15.000 војници кои им пружаат поддршка на граничарите и полицијата. Според зборовите на Казенава, страните меѓусебно се обвинуваат за мигрантската криза, а „радикализацијата на учесниците во конфронтацијата може да доведе до случаен инцидент со полските, литванските, летонските или белоруските војници”.

Новинарот е убеден дека уште една точка на интензивни тензии на картата на Европа е границата меѓу Русија и Украина. Според неговите зборови, во случај на војна во Донбас, Москва може да застане на страната на Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР).

Во сценариото кое е “катастрофално по Киев, руската војска, смета Казенава, ќе формира тампон зона не само за заштита на Доњецк и Луганск, туку и за безбедноста на Крим.

Постои загриженост и поради можна граѓанска војна во Босна и Херцеговина. Според зборовите на авторот на статијата, во 1995-та година крвопролевањето било сопрено со Дејтонскиот договор кој ја поделил државата на Федерација БиХ и Република Српска, меѓутоа, таа кревка структура може да биде нарушена од националистичките расположенија во различни делови на земјата, заклучува новинарот.

Слично

Поврзани вести