Кои се странците кои купуваат имоти во Црна Гора?
Босанците во 2022 година купиле имот вреден 14 милиони евра во Црна Гора.
Странски државјани и фирми лани купиле недвижен имот во оваа земја во вредност од 370 милиони евра во периодот од јануари до октомври, според податоците на Централната банка на земјата.
Црногорската централна банка објави дека лани најмногу недвижен имот купиле германски државјани и компании од таа земја – вредни 57 милиони евра, а потоа следат Русите кои инвестирале 50 милиони во недвижности.
На трето место се граѓаните и фирмите од Србија со 42 милиони, а на четврто се клиентите од Соединетите Американски Држави со 32 милиони евра. На петтото место се инвеститорите од Турција со 30 милиони, потоа следат Украинците и Швајцарците со по 15 милиони, Босанците и Херцеговина со 14 милиони и Британците со 12 милиони.
Русите исто така навалија да купуваат имоти во Турција.
foto freepik.com/nikitabuida
