Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се првите Кинези во Топ 20 најбогати луѓе на светот?

Кои се првите Кинези во Топ 20 најбогати луѓе на светот?

Кина е држава која сега има најголем број на милијардери во светот, повеќе дури и од САД, но повеќето од нив допрва го „билдаат“ своето богатство. Сепак, Форбс конечно направи промена на својата топ 20 листа и за прв пат рангираше двајца фантастични кинески бизнисмени кои имаат огромен напредок со нивните компании и контатата на личните сметки. 

На 17 место се позиционираше Пони Ма, сопственикот и основач на кинескиот интернет и телекомуникациски гигант Tencent кој управува со најкористените мобилни апликации во Кина. Пони Ма има лично богатство кое сега е проценето на 45,3 милијарди долари.

Џек Ма, со 39 милијарди долари ја фати листата на Форбс на 20-тото место. Тој е основач и сопственик на интернет гигантот Alibaba кој е најголемиот сервис за онлајн трговија во светот и има поголем обем на достава дури и од американскиот Amazon. 


Слично

Поврзани вести