Кои се предностите на топлотните пумпи?
Топлотните пумпи овозможуваат голем комфор и идеална клима за корисникот. Тие се тивки во својот работен режим, а нивното користење е крајно едноставно. Трошоците за одржување се ниски и не бараат секојдневна посветеност како кај останатите конвенционални системи за греење (пелети, дрва, нафта). Предноста на топлотните пумпи е што обезбедуваати и ладење на предвидениот простор, што со користење на друг конвенционален извор на загревање не е можно, односно потребни се дополнителни инвестиции за обезбедување на други системи за ладење на просторот.
Управувањето со топлотните пумпи е многу едноставно и софистицирано преку современ кориснички интерфејс кој нуди детален приказ, едноставна навигација и паметни контролни функции.
Оваа инвестиција последните неколку години стана и исклучително исплатлива инвестиција. Во последните неколку години, комерцијалните банки нудата поволни еко- кредитни линии, кои се строго наменети за подобрување на енергетската ефикасност на објектите што подразбира инсталирање на енергетски ефикасни системи за греење. Каматните стапки на банките веќе го достигнаа нивото од 4.7% со што повратокот на инвестицијата кај топлотните пумпи се движи од 1 до максимум 5 години. Сите овие чекори само дополнително укажуваат на фактот дека се работи за инвестиција која не само што обезбедува квалитетно ладење и греење туку истата преставува и економична инвестиција која обезбедува енергетско ефикасни решенија.
Зошто топлотните пумпи стануваат се поинтересни на нашиот пазар?
Енергетска ефикасност е термин, кој во последно време станува се поинтересен за инвестотрите, но и за купувачите на станови. Главна причина секако е регулативата за издавање на Енергетски пасоши за секој ново-изграден објект.
За да се запазат критериумите за добивање на таков пасош, колку што е важна топлинската изолација преку примена на термоизолациони матријали , исто толку важен момент претставува изнаоѓањето на вистинско решение за греење, ладење и вентилација.
Праксата од повеќето Европски земји , покажуваат дека идеално решение за добивање на Енергетско Ефикасни објекти, а воедно и еколошки, преставуваат топлотните пумпи кои во исто време и ладат и греат.
Кои видови на топлотните пумпи ги имаме?
Изворот на ладење и греење кај топлинските пумпи може да биде: земја, вода или воздух. За постигнување на ефектот ладење/греење, одземената топлина независно дали е тоа од земја, вода или воздух, се предава на работниот медиум, во системот за ладење/греење. Основните изведби на топлинските пумпи се:
Топлинска пумпа - земја/вода,
Топлинска пумпа - вода/вода и
Топлинска пумпа - воздух/вода
Кои се предности на топлотните пумпи?
Ладењето и греењето преку обновливите извори на енергија е чекор понапред во однос на сите други извори на енергија пред се поради нивната економичност и ефикасност. Нивната ефикасност се одредува според коефициентот на корисно дејство ( СОР). СОР- едноставно кажано го изразува односот помеѓу енергијата која е вложена и енергијата која ја добиваме на излезот, за греење и ладење.Тој ни покажува колку пати штедиме со користење на топлотната пумпа , во однос на класичните системи и неговата вредност се движи во распон од 3 до 5. Колку е овој коефициент повисок , толку е подобра енергетската ефикасност на системот.
Преведено во кWh енергија ,тоа би значело: со потрошена 1 kWh електрична енергија, се добиваат 3 до 5 kWh топлотна енргија, или изразено во парични средства, 1 kWh топлотна енергија добиена од топлотна пумпа се движи околу 1,5 денар, додека топлотната енергија добиена од останатите извори на енергија (пелети, нафта за домаќинства, струја, градско греење), се движи од 3.5 до 7 денари за 1 kWh топлотна енергија.Заштедите на енергија со овие системи е евидентна и изнесуваат и до 80%.
Исто така со самото тоа што топлотните пумпи користат обновливи извори на енергија (вода, воздух, сонце) директно влијаат на намалување на количината на штетни гасови CO2, како и на намалување на потрошувачката на енергија. Заради тоа од еколошки и енергетски аспект се комплетно прифатливи за таргетите кои ги има поставено Европската унија, но и Македонија – намалување на штетните гасови за 20%, намалување на потрошувачката на енергија за 20% и користење на обновливата енергија во вкупниот енергетски биланс на една земја со 20% до 2020 година.
Ефикасноста на овие системи, во однос на конвенционалните системи за греење и ладење , дополнително се зголемува и со обезбедувањето на “ бесплатна “ топла санитарна вода .Топлотните пумпи овозможуваат загревање на санитарна вода со ефикасност од 3 до 5 поголеми електрични грејачи, така да во некои случаи не е потребно инсталирање на сончеви колектори (повратокот на инвестицијата за сончевите колектори би бил преку 15 години).
Слично
