Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се петте предлози за нашето име кои ги објавија грчките медиуми?

Кои се петте предлози за нашето име кои ги објавија грчките медиуми?

Грчките медиуми, меѓу кои и „Катимерини“ и „Та неа“ ги објави петте имиња што се содржани во грчкиот предлог, откако шефот на грчката дипломатија откри дека нацрт спогодбата е испратена до Скопје.

Станува збор за истите идеи доставени од медијаторот Метју Нимиц, односно имињата:

-Република Северна Македонија

-Република Нова Македонија

-Република Горна Македонија

-Република Вардарска Македонија

-Република Македонија (Скопје)

Грчките медиуми во изминатиот период, топката ја префрлаат на македонска страна, повикувајќи се на изјавите на премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров, како аргументи дека можеби е тешко да се постигне компромис.

„Никој не може да ги предвиди случувањата бидејќи можеби ситуацијата меѓу двете страни може да се карактеризира како смирена, но провокативните изјави, особено од Димитров, не создаваат услови за компромис. Како ставовите за историјата и културата што треба да ги споделат двете страни, така и инсистирањето на Заев дека не е потребно да се промени Уставот на Скопје, предвидуваат негативен резултат за преговорите“, пишува „Та неа“.

Во грчката Влада во 17 часот по локално време е закажана средбата на двајцата коалициски партнери Алексис Ципрас и Панос Каменос .Тие ќе разговараат во премиерската палата, а не е исклучена можноста и прашањето за името да биде дел од агендата.


Слично

Поврзани вести