Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ: Откриени атентаторите од крвавиот напад во Анкара

КОИ СЕ: Откриени атентаторите од крвавиот напад во Анкара

Идентификувани се двајцата атентатори на крвавиот напад во Анкара од минатата сабота.

Според турските власти и двајцата се поврзани со „Исламска држава“.

Напаѓачите се препознати по ДНК пронајдена на местото на нападот. Според полицијата едниот од осомничените е брат на мажот, кој го извршил нападот во турскиот град Суруч во јули. Тој бил поврзан со „Исламска држава“ и поминал неколку месеци во Сирија, каде што поминал обука за подготовка на експлозивни направи, сметаат истражните органи.

Вториот патувал до Сирија двапати. Според турските медиуми Експлозивната направа, користена во нападите во Анкара и Суруч се идентични.

Во средата двајца осомничени припадници на Курдската работничка партија беа уапсени за тоа што предупредиле на „Twitter“ за престоен напад во Анкара.

Во меѓувреме беше објавено дека бројот на жртвите достигнал 99 лица.

Слично

Поврзани вести