Кои се осомничените лица во истражната постапка „Тортура“ на СЈО?
СЈО како што соопштивме отвора истрага околу начинот на апсење на Љубе Бошкоски.
Случајот е насловен како „Тортура“ а во него специјалната јавна обвинителка Катица Јанева покрена истражна постапка за седум лица поради постапувањето при лишувањето од слобода на Љубе Бошковски.
Првоосомничен во случајот е поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, а останатите осомничени се припадници на полицискта единица Алфи.
„Првоосомничениот, по разработен оперативен план во МВР за лишување од слобода на лицето Љубе Бошковски, поради сомнение дека врши кривично дело Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од чл.165-а од КЗ, a заради одмазда спрема оштетениот поради политичките пораки кои му ги упатил на првоосомничениот во текот на изборната кампања, ги навел полициските службеници задолжени да го извршат лишувањето од слобода да за време на лишувањето кај оштетениот предизвикаат душевно страдање. Моќта, и на функцијата, и воопшто општата претстава за личноста на Директорот на УБК произвела беспоговорно постапување на полициските службеници и сервилна покорност на неговите наредби, вклучително и на оние наредби како оваа, со која директно се напаѓа човековото достоинство“, истакна јавната обвинителка Фатиме Фетаи.Специјалното јaвно обвинителство соопшти нови детали во кои велат при апсење на лидерот на Обединети за Македонија е употребена прекумерна физичка сила и вулгарности и закани.
За екс директорот на УКБ од СЈО нема никаков предлог поради тоа што тој веќе не е на функција, додека на шестмината други осомничени побараа да им се забрани пристапот до работните места и да не извршуваат задаци, како што велат поради неможноста да се сокријат докази и да не можат да влијаат на сведоци.
