Кои се новите „играчи“ на пазарот на снабдување со гас во Македонија?
Со либерализацијата на пазарот на гас во Македонија се појавија нови играчи, кои засега немаат големо учество во пазарната структура, но имаат значајно поголеми резултати и поважни улоги во однос на ситуацијата од претходните години.
Во извештајот на Регуилаторната комисија за енергетика за 2025 може да се види дека на пазарот на мало до крајните потрошувачи лани стандардно доминирал Макпетрол и неговата фирма=ќерка Промгас, но тука биле и МЕТ Енерги, Гастејнер и Гама Гас Траде. Овие последните три фирми заедно имаат учество од над седум отсто на пазарот на мало, а одделно имаат подобри резултати од јавните претпријатија за гасификација на Куманово и Струмица.
Унгарската „МЕТ Енерги“ е регистрирана во Македонија во ноември 2024 со седиште во деловниот центар Соравиа со 100.000 евра влог.. Сопственик е „МЕТ Салес анд Традинг Холдинг“ од Швајцарија со дејност трговија со електрична енергија. Запишани биле тројца директори - Далибор Стојевски кој претходно бил комерцијален директор на ТЕ-ТО, како и еден бугарски и еден швајцарски државјанин. МЕТ Енерги ДООЕЛ од 12 мај 2025 година поседува лиценца за трговија со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика. МЕТ Салес анд Традинг Холдинг е подружница на MET Holding AG, а крајниот сопственик e групацијаta MET Group, предводена од унгарскиот бизнисмен Бенјамин Лакатош
„Гастејнер“ во јануари 2025 организира подружница за дистрибуција на гасовити горива во Арачиново. Оваа фирма има лиценца од РКЕ за дистрибуција на гас, а е во сопственост на Ахмед Салах Хамто од Канада и Мохаммед Абдалбари од Палестина. Во февруари 2025 двајцата основачи добиваат адреса на живеење во Македонија.
Поранешниот советник за енергетика и гасификација во владата на Зоран Заев, Митко Андреевски, во 2023 ја формираше своја нова компанија „Гама Гас Траде“, со која подоцна доби и лиценца за снабдување со гас на крајни потрошувачи. Консултантот е повеќе познат во јавноста по својата фирма Си-ен-џи системс со која транспортираше гас за локалното струмичко претпријатие.
На сите три нови компании на пазарот на гас на мало приходите им се по околу милион евра или нешто повеќе за минатата година, а најголем број на вработени, вкупно девет, имал Гастејнер.
А.К.
