Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се новите членови во Надзорниот одбор на Развојна банка?

Кои се новите членови во Надзорниот одбор на Развојна банка?

Има промена на членовите на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, информираше Македонска берза. 

„Врз основа на Решение на Владата на Република Северна Македонија за изменување на членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија oд 22 јули 2025 година, а согласно решенијата на Извршниот одбор на Народна банка на Северна Македонија од 10 октомври 2025 година, за членови на Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за период од 4 (четири години) сметано од 14 октомври 2025 година се именувани: Тања Михајловска Димитриевска, Андриана Матлиоска, Христина Келеман и - Александар Горѓиевски“, стои во соопштението. 

Мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор престанува со денот на приемот на Решенијата за издадена претходна согласност во Банката, односно со ден 14 октомври 2025 година. 

Слично

Поврзани вести