Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ?

Кои се носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ?

Познати се имињата на носителите на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, објави Телма.

Никола Груевски е носител на листата во првата изборна единица, а, министерот за надворешни работи, Никола Попоски во втората изборна единица.

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски ќе ја предводи третата изборна единица, а министерот за здравство, Никола Тодоров во четвртата е носител. Антонио Милошовски е носител на кандидатска листа во петтата, а во шестата  носител е пратеникот, Влатко Ѓорчев.

Ова за Телма го потврдија партиски извори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи во ДИК, а другите поголеми партии се откажаа. Само партијата на Јанко Бачев денеска достави листи во ДИК.

Слично

Поврзани вести