Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се нискобуџетните авиопревозници со најлоши оценки за 2018-та

Кои се нискобуџетните авиопревозници со најлоши оценки за 2018-та

Ryanair, нискотарифната авиокомпанија, е избрана за најлош нискобуџетен авиопревозник во Велика Британија по шести пат по ред, според годишното истражување на "Which Travel" преку испитување на мислењето на клиентите.

Патниците на Ryanair му дале најниски можни оценки за полетувањето, удобност на седиштата, распоредот на кабината и квалитетот на храна и пијалаци.

Ryanair доби вкупен резултат од 40 отсто зад другите нискотарифни авиокомпании, како што се Thomas Cook (52 проценти) и Wizz Air (54 отсто), кои летаат на дестинации во источна и централна Европа. Дури потоа следуваат Aurigny Air Service, Swiss Airlines, Jet2, Norwegyan и KLM..

Патниците кои летаат Ryanair се особено фрустрирани поради откажувања на летови, чести промени во прописите за багаж и неточност во распоредот на авиокомпанијата.

Илјадници учесници во истражувањето за "Which Travel" изјавиле дека "тие никогаш нема да летаат повторно со Ryanariom, без разлика колку поевтини се во однос на нивната конкуренција".

Портпаролот на компанијата, која планира да превезе 141 милион патници оваа година, вели дека истражувањето не "го одразува успехот на компанијата".

Ryanair во 2018 година беше погодена од масовен штрајк, поради кој беа откажани бројни летови, а потоа компанијата не им понудила на патниците компензација.

Покрај тоа, минатата година, три пати ги променила правилата за багаж.


Слично

Поврзани вести