Кои се најсиромашните држави во ЕУ?
Хрватска е меѓу седумте најсиромашни земји во Европската Унија(EУ). Таа е на петтото место, заедно со Естонија и Шпанија, кога се гледа стапката на ризик од сиромаштија.
Сите три земји имаат иста висока стапка од 19,5 проценти, во споредба со просекот на ЕУ од 16,3 проценти, со раст проценет на 16,4 проценти во 2025 година, објави деновиве Евростат.
Според статистиката на ЕУ за приходите и условите за живот, во 2025 година Литванија (22,6 отсто), Латвија (22 отсто) и Бугарија (21,2 отсто) имаат највисоки стапки на ризик од сиромаштија. Данска, Белгија и Чешка пријавија најниски удели (11,8 отсто, 10,9 отсто и 9,6 отсто).
За 2025 година, се очекува стапката да остане стабилна во 18 земји. Ќе се намали во Шпанија и Романија, а ќе се зголеми во пет земји, меѓу кои, покрај Германија, Ирска, Унгарија и Словенија, во истата група се наоѓа и Хрватска.
Евростат објави проценки за приходите од изминатата година за да го предвиди развојот на стапката на ризик од сиромаштија. Проценките укажуваат на целокупна стабилност, со мало зголемување на стапката на ризик од сиромаштија во ЕУ на 16,4 проценти.
Во Хрватска, стапката се намали од 20,3 во 2024 година на 19,5 минатата година, што е сè уште над просекот на ЕУ. Исто така, таа е полоша од некои соседни земји. Така, Словенија има стапка на сиромаштија од 14,3, Унгарија 14, додека Италија е на 18,6 проценти.
