Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најпознатите жители на затворот во Загреб?

Кои се најпознатите жители на затворот во Загреб?
Од 2009 година до денес во затворот Рементинац во Загреб влегоа многу познати хрватски политичари, а против нив веќе се докажани или уште се докажуваат малверзации тешки милиони евра. Најголем на оваа листа „капиталци“ секако е поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој доби осум и пол години затвор за воено профитерство. Тој веќе е правосилно осуден во случаите Хипо и Ина-Мол, а се уште не е правосилна пресудата против него за извлекување на државни пари во партиските фондови на ХДЗ, преку агенцијата Фими Медија. Против него се покренати уште две обвиненија, а уште едно е во постапка. Од сабота се наоѓа во болницата во Загреб заради проблеми со срцето. Втор на листата е поранешниот прв човек на Хрватската стопанска комора Надан Видошевиќ, кој е заплеткан во аферата Реморкер, заради која беше во повеќемесечен притвор. Познат е по скапоцените недвижности и уметничките дела како дел од неговиот имот, а на чело на Стопанската комора на Хрватска беше пд 1995 година, беше жупан и претседателски кандидат. Поранешен „станар“ на Реметинац е и Иван Мравак, кој се товари за огромната штета поради продажбата на евтина струја за шибенски ТЛМ и мостарска Алумија. Со спогодба доби година и пол затвор во 2007 година, откако призна дека по налог на благајникот на ХДЗ, прибавил значајна имотна корист за партијата. Невенка Јурак, Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ се врзуваат за најголемата коруптивна афера во Хрватска - Фими медија, односно извлекување на околу 10 милиони евра од државните претпријатија и институции преку приватната маркетинг агенција. Баришиќ доби три години затвор, Павошевиќ година и пол а Јурак - две години. Следен на списокот е Јосип Протега, кој беше на чело на Хрватска поштенска банка, а аферата „Банкомат“ беше тешка околу 31 милиони евра. И тој помина месеци во затворот. Роберт Јежиќ е поранешен сопственик на дневниот весник „Нови лист“, правосилно осуден во случајот ИНА-МОЛ, а освен затворската казна во државната каса треба да врати пет милиони евра. Дамир Поланчанец е поранешен потпретседател на хрватската Влада и министер за економија, труд и претприемништво во владите на Санадер и Косор. Доби 10 месеци затвор за изработка на непотребна студија, како и за аферата „Рефлектори“. Хрватските истражни органи го обвинуваат за организирање на злосторничка организација која со разни акционерски трансакции ја оштетила Подравка заповеќе од 53,5 милиони евра. Поранешната жупаница на Сисачко- мославачката жупанија Марина Ловириќ Мерзел  исто така се најде во Реметинац, осомничена за повеќе кривични дела, меѓу кои и злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на официјални документи, примање мито и перење пари. Поранешниот градоначалник на Вараждин Иван Чехока е обвинет заедно со бизнисменот Савор Патафто дека го оштетил градот Вараждин за 3,7 милиони евра. Последен на оваа затвореничка „славна“ листа секако е градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, кој е обвинет за корупција и во притвор може да остане и до една година заради големиот број сведоци во случаите за кои се товари.
Слично

Поврзани вести