Кои се најпосетените места во Србија?
Во март, бројот на туристи во Србија се зголемил за над 10 проценти.
Во март во Србија, во споредба со март 2025 година, бројот на туристички пристигнувања е зголемен за 10,1 процент, додека бројот на ноќевања е зголемен за 8,5 проценти, според новите податоци од Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Бројот на ноќевања од домашни туристи е зголемен за 10 проценти, додека бројот на ноќевања од странски туристи е зголемен за 7,2 проценти.
Традиционално, бањите и планините се најпосетувани, заедно со големите градови.
Врњачка Бања во март ја посетиле 12.972 туристи, а остварени се 36.128 ноќевања. Бањата Врдник била втора по број на посети со 7.409 туристи и 14.531 ноќевања, додека на третото место се нашла Сокобања, која, иако забележала помалку пристигнувања - 6.472, има значително поголем број ноќевања - 22.139.
Кога станува збор за планини, Златибор води со 24.922 туристи и 67.453 ноќевања. Зад него е Копаоник со 15.323 посети и 56.065 ноќевања.
Од градовите, Белград е секако најпосетуван, но Нови Сад имал значително поголем процент на зголемување на туристичките посети, за речиси една четвртина. Бројот на пристигнувања во март бил поголем за 24,7 проценти, пренесува Данас.
foto printskrin youtube
