Кои се најплатени политичари низ светот, а кои во Македонија
Претседателот на САД, Барак Обама, е најплатениот политичар во светот со плата од 400.000 долари годишно.Американскиот претседател месечно зема плата од 33 500 долари, а има право на трошоци без данок во износ од 50.000 долари годишно.
Канадскиот премиер, Стивен Харпер, има речиси двојно помала плата - 260.000 долари.
Следува германската канцеларка Ангела Меркел. Нејзината плата изнесува 234.000 долари годишно и е најголема меѓу европските колеги.
Единствен претседател од Африка кој се наоѓа на листата е Џејкоб Зума, првиот човек на Јужноафриканската република, со 223.500 долари. Со тоа, тој заработува 9.000 долари повеќе од британскиот премиер, Дејвид Камерон. Камерон годишно заработува 214.800 долари.
Првиот човек на Франција, Франсоа Оланд се наоѓа на седмото место со годишна плата од 194.300 долари. По него следува рускиот претседател, Владимир Путин, кој годишно заработува приближно околу 136.000 долари.
Во Македонија пак, платата на претседателот Ѓорѓе Иванов изнесува нешто повеќе од 1 400 евра. Никола Груевски во премиерската функција земал нешто помалку од 1 000 евра месечно, а најголеми примања има претседателот на Собранието, Трајко Вељановски кој месечно зема над 1 700 евра.
