Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најголемите трговци со струја во Македонија?!

Кои се најголемите трговци со струја во Македонија?!
Од вкупниот колач на продадена струја во земјава во периодот јануари-мај годинава, на трговецот Ген-М му припаѓаат речиси 40%, на Енерџи Деливери Солушнс – 33%, а на Ефт Македонија 12,3%. Останатиот дел од бизнисот го поделија уште 9 други трговци. Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), Ген-М и Ефт Македонија се трите трговци со струја кои во првите пет месеци од годинава најмногу продадоа во Македонија. Податоците од МЕПСО (државниот електро-преносен систем оператор) покажуваат дека од вкупниот колач на продадена струја во земјава во периодот јануари-мај годинава, на трговецот Ген-М му припаѓаат речиси 40%, на Енерџи Деливери Солушнс – 33%, а на Ефт Македонија 12,3%. Останатиот дел од бизнисот го поделија уште 9 други трговци со електрична енергија (Корлеа, Елем Трејд, Евн Трејдинг, Данске Комодити, Роу енд Рифајнд, Енерџи сервиси, Пан Интертрејд, АД Елем и Енерџи Суплај) извор: МЕПСО Ако се анализира и уделот на продадена струја само во мај годинава, состојбата е слична. Најмногу струја во овој месец купи кавадаречки Фени, - 36% од вкупно продадената струја на македонскиот пазар. Тетовскиот комбинат за феросилициум, Југохром Фероалојс во мај купи струја од околу 32% од вкупно продадената, додека Евн Македонија за потребите на граѓаните и малата индустрија купи струја од  околу 15%. За колкава точно количина на увезена струја се работи, МЕПСО не нуди податоци. Нема ниту информација по која цена трговците ја продале струјата на индустриските капацитети и на Евн. извор: МЕПСО Од друга страна пак, како што веќе објави Фактор, во мај годинава увозот на струја во земјава чинеше 8 милиони евра. Во првите пет месеци пак, тој достигна 62.698.172 евра. Според статистичките податоци, овој увоз е направен од само 4 земји и тоа соседните Бугарија, Србија и Грција и од Швајцарија. Во првите пет месеци од годинава од Бугарија е увезена струја вредна 8.455.212 евра, од Србија 27.428.231 евра и од Грција само 140.418 евра. Информациите на Фактор за петмесечниот увоз на струја покажуваат и дека Швајцарија инкасирала 26.674.311 евра од продажба на струја во Македонија, преку трговците со овој енергенс. К.П  
Слично

Поврзани вести